Ливерпул има листа на играчи кои сака да ги доведе во текот на летото, а веќе познати се и најголемите желби.
Еден од најпосакуваните Алексис Мекалистер, аргентинскиот фудбалер има цена околу 70 милиони фунти, блескаше во Брајтон и беше вистинско решение за средината на теренот кај Јирген Клоп.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мирор“ пренесува дека Мекалистер е спремен да потпише за Ливерпул и да ја заврши работата околу овој трансфер.
Клоп сака засилувања и во средната линија и медиумите напоменуваат дека Мануел Угартеа од Спортинг кој има откупна клазула од 53 милиони евра е можно решение.
На списокот на Клоп наводно се наоѓа и Орлиен Чуамени од Реал Мадрид, меѓутоа околу него засега нема ништо сериозно.