Лидерот во игри на среќа продолжува да биде присутен и да помага секаде каде што е потребно.
Овојпат, Mozzart го поддржа Меѓународниот фолклорен фестивал „Традиционални Ѓурѓовденски – обичаи, песни и ора”.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фестивалот се одржа од 4-ти до 7-ми Мај во Оризари – Кочани, а учество на истиот земаа голем број локални и регионални фолклорни групи од Македонија и од странство.
„ На бината во Зрновци покрај нашите групи, се претставија и гостите од Црна Гора, БиХ,Бугарија и Словенија. Се одржа и дефиле на учесниците на Фестивалот по улиците на Оризари, Традиционални ѓурѓовденски игри во река Масалница во Оризари, Традиционални ѓурѓовденски обичаи, биење млеко, правење масло, традиционален ѓурѓовденски зелник, проследено со песни и ора. Огрномна благодарност до MOZZART, што беше дел од овој настан и ни помогна успешно да го реализираме фестивалот” , изјави Александар Тошев, претседателот на Фолклорен Ансамбл Љупчо Сантов од Оризари.
Mozzart продолжува и натаму да биде дел од вакви и слични настани и истите да ги поддржува и помага, се со цел развој на култрата и културните настани во Македонија.