Дома Трансфер зона Мендеш има интересен предлог за Реал Мадрид

Мендеш има интересен предлог за Реал Мадрид

Реал Мадрид е во потрага по засилување на десната бековска позиција, а менаџерот Жорге Мендеш му нуди интересно решение.

„Дефенса Сентрал“ објави дека Мендеш на Реал Мадрид му го понудил Жоао Кансело кој во моментов е на позајмица во Баерн Минхен.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Кансело беше важен фудбалер за Манчестер Сити пред почетокот на оваа сезона, но замина откако влезе во конфликт со Пеп Гвардиола.

Португалецот не се снајде најдобро во Баерн и е во потрага по нов клуб, а Мендеш му го нуди на Реал.

„Кралевите“ се во потрага по десен бек, кој следната сезона ќе биде алтернатива за Карвахал, а Кансело има искуство во Примера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…