Дома Трансфер зона Милан повторно тргнува по Ренато Санчез

Милан повторно тргнува по Ренато Санчез

Ренато Санчез минатото лето беше блиску до трансфер во Милан, но на крајот се одлучи за Пари Сент Жермен.

Меѓутоа, Португалецот не добива голема минутажа во Париз и главно ја грее клупата за резерви, па не е задоволен од својот статус во тимот.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Бидејќи не може да се избори со големата конкуренција во ПСЖ, Санчез е спремен да ја промени средината на крајот на сезоната.

Неговиот агент Жорге Мендеш му го понудил на Милан, кој се уште е заинтересиран и сака да го донесе на „Сан Сиро“.

„Росонерите“ сега ќе се обидат да го донесат на едногодишна позајмица со право на откуп следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…