Холивудските ѕвезди Рајан Рејнолдс и Роб Мекелени се сопственици на велшкиот клуб Врехам кој се избори за пласман во четвртата лига во Англија, а сега го повикаа Герет Бејл да се врати од пензија.
По нивниот повик во јавноста се огласи агентот на Бејл, Џонатан Барнет кој сепак не очекува такво нешто.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мислам дека тоа нема да се случи. Му годат понудите, но во овој момент има заслужено одличен живот затоа што беше најдобриот британски фудбалер веројатно во историјата“, изјави Барнет за „Скај Спорт“:
Ќе потсетиме, Бејл се пензионираше на 33 години како фудбалер на Лос Анџелес, односно по настапот за Велс на Светското првенство во Катар.