Фудбалерите на Лос Анџелес се шампиони во МЛС лигата откако во вчерашното драматично финале ја совладаа Филаделдија преку пенали.
Натпреварот во регуларниот дел заврши 2:2, а во продолженијата двата тима постигнаа по еден гол. Херојот во победничкиот тим беше Герет Бејл кој во 128. минута постигна гол за изедначување, па се изведуваа пенали.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Со голот на Акоста Лос Анџелес поведе после половина час игра, Газдаг изедначи, па Лос Анџелес повторно поведе, за 2:2 се погрижи Елиот на пет минути пред истекот на регуларните 90.
Голманот на Лос Анџелес во продолженијата во 116. минута направи фаул надвор од шеснаесетникот и доби црвен картон. Во таа ситуација се повреди, па го замени Мекарти кој само десет минути подоцна беше совладан за 3:2. Како што споменавме пред самиот крај Бејл стрелаше за 3:3.
Следуваше пенал рулетот каде што фудбалерите на Филаделфија беа катастрофални и ги промашија сите три пенали кои шутираа, па трофејот заврши во Лос Анџелес.