Двајца важни дефанзивци на Арсенал, Вилијам Салиба и Зинченко ќе ги пропуштат натпреварите до крајот на сезоната, пренесува „Атлетик“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Французинот се здоби со повреда на грбот уште на реваншот со Спортинг Лисабон во Лига Европа.
Меѓутоа, Артета на секоја пресконференција изразуваше надеж дека ќе го има на располагање за последните натпревари од сезоната. За жал, сезоната за Салиба е завршена.
Зинченко пак беше изваден од игра на мечот со Њукасл поради проблеми со глуждот. Прегледите покажаа дека повредата е сериозна и дека ќе паузира еден месец.