Дома Фудбал Виери за градската пресметка во полуфиналето од ЛШ: Јасно е кој тим е во подобра позиција

Виери за градската пресметка во полуфиналето од ЛШ: Јасно е кој тим е во подобра позиција

Денес во полуфиналето од Лигата на шампионите ќе играат Реал Мадрид и Манчестер Сити, додека утре силите ќе ги одмерат градските ривали Милан и Интер.

Легендарниот Кристијан Виери во минатото го носеше дресот и на двата клуба, а сега ги откри негоите очекувања од овој дуел. Виери помина пократок период во Милан, а сега смета дека Милан е во потешка позиција.

„Интер влегува во двомечот во подобра форма. Освоија девет бодови на последните три натпревари, постигнаа 11 голови и јасно е дека тие се во подобра ситуација.

Интер секако според мене поквалитетен од Милан, а ако го немаат Леао тоа значи дека ќе бидат уште за 50% помалку опасни“, истакна Виери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…