Барселона не се откажува од намерата да го доведе играчот за врска на Фиорентина, Софијан Амрабат, пренесуваат каталонските медиуми.
Барселона се обиде да го доведе 26-годишниот Мароканец уште во јануари, но Фиорентина не го пушти, па сега ќе биде примарна трансфер цел на лето.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Амрабат исто така е спремен да ги одбие сите други клубови бидејќи сака кариерата да ја продолжи на „Камп Ноу“.
Каталонците може да имаат проблем со финансискиот фер-плеј, па поради тоа се спремни да го продадат Франк Кеси за да го доведат Мароканецот.
Неговиот договор со „виолетовите“ истекува во 2024 година, а Фиорентина за неговата слобода бара најмалку 20 милиони евра.
Чави верува дека тој ќе биде идеален наследник на Бускетс, кој влезе во фудбалска зрелост, па Барса му бара замена.