Во последните неколку дена ФИФА за првпат го спроведе испитот за фудбалски агенти, а скоро половина од нив паднале на тестот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Од 3.800 кандидати, само 1.962 го поминале тестот кој ќе биде задолжителен да се работи на фудбалските трансфери и преговори за договорите на фудбалерите од октомври оваа година.
Долгогодишните агенти можат да бидат изземени од тестот ако аплицираат до септември, но и тие ќе мораат да одат на дополнителна обука.
ФИфА сака да ја ограничи заработката на агентите на максимум од 10% од трансферот, а исто така да се ограничат на 3% од платата на фудбалерите ако заработуваат над 200.000 долари годишно или 5% од нивната плата ако имаат заработувачка помала од 200.000 долари.