Италијанските медиуми пренесуваат дека е постигнат договор и шпанскиот репрезентативец Сусо наскоро ќе стави потпис на нов договор со Милан.
Сусо изминатата сезона се етаблираше како еден од најдобрите фудбалери во Серија А и еден од најважните фудбалери на Милан, па раководството му понуди нов, побогат дооговор.
Информациите од Апенините велат дека е постигнат договор помеѓу Милан и неговиот агент, па Сусо ќе потпише нов договор до 2022 година.
Шпанецот ќе добие тројно зголемување на платата, па наместо досегашниот еден милион, ќе заработува 3 милиони евра по сезона.