Дома Трансфер зона Барселона го стави Рафиња на продажба

Барселона го стави Рафиња на продажба

Бразилскиот репрезентативец, Рафиња минатото лето дојде како големо засилување во Барселона за 65 милиони евра.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Меѓутоа, шпанските медиуми информираат дека Каталонците не се задоволни од неговиот допринос и како се вклопи во тимот, па се спремни да го стават на трансфер листа.

Притоа, Барселона има финансиски проблеми и на лето ќе мора да продаде некои од своите ѕвезди, а Рафиња е на таа листа.

Таквата ситуација сака да ја искористи Њукасл, кој е заинтересиран за Бразилецот и веќе спремил понуда од 50 милиони фунти.

Њукасл има прилично добра сезона и има реални шанси да заврши во Топ 4 и да обезбеди пласман во ЛШ. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…