Дома Фудбал Никој никогаш во историјата на Баерн не добил казна како Мане

Никој никогаш во историјата на Баерн не добил казна како Мане

Раководството на Баерн Минхен го казни Садио Мане со најголемата санкција во историјата на германскиот клуб.

Сенегалецот го удри соиграчот Лeрој Сане по поразот од Манчестер сити (0-3) во првиот четвртфинален меч во Лигата на шампиони, а тоа ќе го чини 350.000 евра.

Фудбалерите се скараа по дебаклот на „Итихад“, по што Мане со рака го удри германскиот репрезентативец во лицето.

Искусниот напаѓач беше привремено отстранет од екипата и не беше во составот против Хофенхајм, но се врати на тренинг во вторникот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Растодер ја прекина гол-сушата, Македонија по поразот во Глазгов оди во бараж

Македонија загуби од Шкотска со 2-1 и остана без победа на 13 натпревари во низа. Голот на…