Дома Фудбал Останато ПСЖ веќе преговара со Мурињо

ПСЖ веќе преговара со Мурињо

ПСЖ на лето ќе прави големи промени во тимот, а готово сигурно ќе има и тренерска смена.

Оваа сезона веќе ја сметаат за неуспешна во Париз и се во потрага по нов тренер, а веруваат дека Жозе Мурињо би бил идеално решение.

Спортскиот директор Луис Кампос веќе го убедува Мурињо да ја напушти Рома и да седне на кормилото на „светците“.

 Мурињо честопати зборуваше за финансиските ограничувања во Рома и бара големи засилувања, па е спремен на лето да се пресели во Париз.

„Специјалниот“ гледа шанса за последно искуство со клуб кој е еден од најсилните во Европа и се стреми за освојување на Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јувентус донесе бразилски голман на 37 години

Бразилскиот фудбалски голман Норберто Нето потпиша договор со Јувентус до крајот на актуел…