Дома Фудбал Лига на шампиони Милан минимално, Реал сигурно🎥

Милан минимално, Реал сигурно🎥

Милан и Реал со водство ќе патуваат во реваншите од ЛШ против Наполи односно Челзи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Милан и Наполи одиграа возбудливо полувреме со многу шанси на двете страни, а со предност на одмор заминаа „росонерите“.

Во првите 15 минути Наполи беше подобриот тим, но Милан дојде до водство во 40-та минута со голот на Бенасер. Во последната минута Кјаер ја погоди стативата.

Во вториот дел Милан добро ја контролираше играта, а од 75-та минута имаше и играч повеќе после исклучувањето на Ангуиса. Сепак „росонерите“ не успеаа да постигнат уште еден гол и со минимална предност ќе патува во Неапол.

Реал Мадрид има сигурна предност од 2:0 после првиот меч на „Сантиаго Бернабеу“. „Кралевите“ дојдоа во водство со голот на Бензема во 22-та минута по асистенција на Винисиус.

Бен Чилвел во 59-та минута откако го повлече Родриго за рака, па му ја олесна работата на Реал Мадрид. Марко Асенсио во 74-та минута, повторно по асистенција на Винисиус зголеми на 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Мурињо за првпат открива зошто трансферот на Родри во Реал пропадна

ЖОЗЕ МУРИЊО за првпат подетално ја објасни неуспешната намера на Реал Мадрид да го доведе …