Дома Топ вести „Во тимот имаме премногу црнци и муслимани“ – тренерот на ПСЖ во центарот на голем скандал!

„Во тимот имаме премногу црнци и муслимани“ – тренерот на ПСЖ во центарот на голем скандал!

Tренерот на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие е главна тема во француските медиуми.

Наводно, поранешниот директор на Ница, Жулијен Форние откри дел Галтие своевремено во тој клуб бил незадоволен затоа што имал премногу „црнци“ и муслимани.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Во екипата имаме лоши момци меѓу кои се и црнци, а половина од нив во петок се во џамија. Не смееме да имаме толку црнци и муслимани. Овој тим не ми одговара“, наводно Галтие во една ситуација му кажал на Форние со напомена дека се има во својот мејл.

Но, во целата ситуација се поставуваат и неколку други прашања.

Зошто ова дури сега се појави во сериозните француски медиуми? Ако ПСЖ сака да го отпушти Галтие за тоа не му се потребни вакви обвиненија, самата рана елиминација во Лигата на шампионите е доволна причина.

Оваа ситуација на Галтие става сериозна етикета на расист што може да биде проблем за неговите ангажмани во иднина. Ница, Галтие ја напушти по само една сезона (2021/2022), а потоа доби повик од ПСЖ кој не можеше да го одбие.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул со јасна порака до Барселона: Кога Бруно вреди 100 милиони евра, тогаш толку вреди и Дијаз!

На релацијата меѓу Луис Дијаз и Барселона се појавија најнови вести – спортскиот директор …