Дома Трансфер зона Милан и Интер се „тепаат“ за талент на Арсенал

Милан и Интер се „тепаат“ за талент на Арсенал

Миланските гиганти Милан и Интер се силно заинтересирани за младиот напаѓач на Арсенал, Фоларин Балогун.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


21-годишниот младински репрезентативец на Англија оваа сезона игра на позајмица со Ремс и блеска во Лига 1.

Балогун до сега на 28 настапи постигна 17 гола и 3 асистенции, па покажа дека е еден од најталентираните напаѓачи во Европа.

Тој на лето ќе се врати во Арсенал и има договор до 2025 година со „топџиите“, но јасно е дека нема да има голема минутажа на „Емирати“.

„Топџиите“ се спремни да го продадат доколку пристигне понуда од 25 милиони фунти, а миланските клубови наводно се спремни да ја платат таа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…