Дома Фудбал Интер лета за Лисабон без двајца важни фудбалери

Интер лета за Лисабон без двајца важни фудбалери

Екипата на Интер денес ќе отпатува за Лисабон, каде утре ќе го одигра првиот четвртфинале дуел од ЛШ против Бенфика.

Интер ќе биде без двајца важни фудбалери, бидејќи Скриниар и Чалханоглу не успеаа да се опорават од повредите.

Двајцата се блиску до враќање на терените и Инзаги се надева дека ќе му бидат на располагање за дуелот со Монца викендов.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека со оглед на нивното отсуство се очекува утре во стартниот состав да бидат Матео Дармијан во одбраната и Марсело Брозовиќ во средниот ред.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ковач здивна по долгите патувања: Дортмунд дома брка прекин на ремијата

Борусија го пречекува Ајнтрахт по три гостувања во низа. Традицијата е силно на нејзина ст…