Дома Кошарка „Вориорси“ одиграа прва четвртина за историја!

„Вориорси“ одиграа прва четвртина за историја!

Изминатата вечер во НБА лигата, Голден Стејт славеше против Портланд со 158:101 и така го обезбеди шестото место на Западната конференција кое последно води директно во разигрувањето за шампионската титула.

Во овој натпревар посебно импресивни актуелните шампиони беа во првата четвртина во која постигнаа дури 55 поени што е рекорд за поени постигнати во воведната четвртина.

Кога се сите четвртини во прашање рекордот го држи тимот на Буфало кој во сезоната 1972/73 постигна 58 во последната четвртина.

Томпсон со шест тројки постигна 20 поени, Кари уфрли 26. Треба да се спомене дека Кари стана третиот играч кој постигнал најмалку 300 поени од линијата за три поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Две слободни за историја: МЗТ одбележува три децении од победата над Реал

На 6 ноември 1996 година МЗТ го совлада Реал Мадрид со 69-68. Триесет години подоцна, реша…