Дома Фудбал Италија Влаховиќ не постигна гол и осми натпревар во низа во Серија А, па „исчезна“ од Инстаграм

Влаховиќ не постигна гол и осми натпревар во низа во Серија А, па „исчезна“ од Инстаграм

Јувентус вчера претрпе пораз од Лацио во Серија А, а повторно гол не постигна Душан Влаховиќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Спрскиот напаѓач го продолжи голгетерскиот пост во дресот на „старата дама“, сега тоа се одрази и на резултатот. По натпреварот Влаховиќ го деактивирал својот Инстаграм профил и веројатно не сака да ги чита критиките, туку да се посвети и да излезе од оваа голгетерска криза.

Шанса да го прекине тој пост Влаховиќ ќе има веќе во четврток кога Јувентус го очекува четвртфиналето во Лигата на шампионите против Спортинг.

Последниот гол за Јувентус Влаховиќ го постигна на 7-ми февруари и нема гол на последните осум натпревари во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Психолошката војна продолжува: Педри го покани Хулиан Алварес во Барса

Везниот играч на Барселона, Педри, изрази надеж дека напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулиан …