Дома Фудбал Скандал во Шпанија: Валверде нокаутирал играч на Виљареал!

Скандал во Шпанија: Валверде нокаутирал играч на Виљареал!

Фудбалерот за врска на Реал Мадрид, Федерико Валверде се најде во центарот на вниманието по поразот од Виљареа (2:3). Наводно, Уругваецот имал физичка пресметка со Алекс Баена од редовите на гостинскиот тим.

Шпанските медиуми, пренесуваат дела Валверде го чекал Баена на паркингот и му удрил бокс. Причина за агресивното однесување на Валверде биле навредите кој Баена ги упатил за неговото неродено дете кое го чекаат со Мина Бонито.

„Плачи сега, вашето бебе нема да се роди“, му се обратил Баена по еден старт.

Според информациите, Баена не возвратил и повикал обезбедување и полиција која спречила поголем конфликт. Наводно мадритската полиција веќе има и видео од инцидентот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Костакурта удри по Милан: По дербито со Интер, европски студен туш

Поразот од Ференцварош со 0-2 го остави Милан на 28. место во Лига Европа, а Алесандро Кос…