Дома Фудбал Останато Се појави уште една опција за тренер на Челзи, но има еден проблем – не знаел англиски!

Се појави уште една опција за тренер на Челзи, но има еден проблем – не знаел англиски!

Управата на Челзи вчера го назначи Френк Лампард за тренер до крајот на сезоната, но очигледно е дека не планираат тој да биде долгорочно решение на клупата на двократниот европски шампион.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


По отказот на Греам Потер, како потенцијални тренери од почетокот на следната сезона се споменуваа Луис Енрике и Јулијан Нагелсман, кој неодамна доби отказ од Баерн.

Сепак, според британските медиуми, една од опциите кои се појави е Марсело Галјардо, аргентински стручњак.

Гаљардо ја водеше Ривер Плата од 2014 до 2022 година и ги освои сите можни трофеи, вклучувајќи го и Копа Либертадорес во 2018 година.

Аргентинецот добро го познава и фудбалот во Европа, бидејќи во текот на кариерата настапуваше за Монако и ПСЖ, а она што може да биде најголема пречка за евентуален трансфер е неговото слабо познавање на англискиот јазик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дефинитивно: Капитенот на Реал Мадрид заминува!

Дани Карвахал ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на оваа сезона. Зошто проблемот со уличн…