Реал Мадрид вчера убедливо ја совлада Барселона на „Камп Ноу“ со 0:4, а хет-трик постигна Карим Бензема.
Винисиус Жуниор постигна еден гол во првото полувреме додека Бензема во вториот дел постига хет-трик. Со хет-трик Бензема го достигна легендарниот Ференц Пушкаш.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Имено, по 43 „Ел Класика“, францускиот голгетер стана првиот фудбалер по Иван Заморано кој постигнал хет-трик, но посебно се истакнува изедначувањето со Пушкаш.
Имено, пред 60 години Пушкаш беше последниот играч на Реал Мадрид кој и даде хет-трик на Барселона на „Камп Ноу“. Тој тоа го направи во сезоната 1962/1962.