Дома Трансфер зона Реал нуди играч и пари за Леао

Реал нуди играч и пари за Леао

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид се вклучил во трката за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Португалецот се етаблираше во еден од најдобрите млади фудбалери во Европа и е мета на многу европски гиганти.

Неговиот договор со Милан е до 2024 година, па доколку не го продолжи до крајот на сезоната, „росонерите“ ќе мора да го продадат на лето.

Неговиот агент, Жорге Мендеш веќе имал средба со Реал Мадрид и разговарале за евентуален трансфер на Португалецот.

Реал е во одлични односи со Милан и сака како дел од трансферот да го вклучи Брахим Дијаз, кој е на позајмица на „Сан Сиро“, плус одредена сума на пари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…