Барселона во 2013 година за само 1,5 милиони евра го донесе Денис Суарез, но Манчестер Сити и ден денес заработува на овој трансфер.
Денис Суарез вчера постигна гол за Барселона против Гетафе, а неговите добри игри го радуваат и Манчестер Сити.
Имено, Барса на англискиот клуб мора да му плати 800.000 евра за секој десет натпревари кои Суарез ќе ги одигра во дресот на Каталонците, се додека не дојде до 100 одиграни натпревари, па вкупниот износ може да биде 8 милиони евра.
Тоа е една од клаузулите кои Суарез ги има во договорот со Барса, откако го напушти Манчестер Сити, чие раководството очигледно има добра смисла за бизнис.
Суарез вчера го одигра 40-от натпревар за Барселона, а во Сити „тријат раце“ и се надеваат дека играчот за врска што е можно побрзо ќе дојде до бројката од 100 натпревари.