Приоритет на Челзи во летниот преоден рок ќе биде ѕвездата на Наполи, Виктор Осимен, пренесуваат медиумите на Островот.
Нигерскиот напаѓач е главна мета на Челзи за летнито преоден рок поради неговите одлични настапи во Серија А каде што блеска сезонава.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Осимен се етаблираше во еден од најдобрите млади напаѓачи, а приоритет на Челзи во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач.
Осимен не ја крие желбата дека сака да игра во Премиер лигата, но Наполи сигурно нема лесно да се откаже од него, особено после ваква одлична сезона.
Челзи сака да ја победи конкуренцијата и верува дека понудата од 120 милиони евра ќе биде доволна да го убеди Наполи да го пушти Осимен на „Стенфорд Бриџ“.
Сепак „сините“ ќе мора да ја победат конкуренцијата бидејќи за Осимен силен интерес покажуваат Манчестер Јунајтед и ПСЖ.
🚨 Chelsea are set to rival Man United to the signing of Napoli’s in-demand striker Victor Osimhen.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 1, 2023
(Source: Evening Standard) pic.twitter.com/KGmdGNqsYa