Дома Фудбал Останато На Роналдо и Георгина им е убаво Саудиска Арабија, но децата имале проблеми на училиште

На Роналдо и Георгина им е убаво Саудиска Арабија, но децата имале проблеми на училиште

Веќе неколу месеци Кристијано Роналдо со неговото семејство живее во Саудиска Арабија каде што тој го носи дресот на Ал Наср.

Роналдо и Георгина полека се прилагодуваат на животот во оваа земја, но сега партнерката на Португалецот откри дека нивните деца се соочувале со проблеми на училиште.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Постојат моменти каде што другите деца ќе ги удрат, а тие не се бранат и целосно потонуваат во себе. Пред некој ден едно од децата дојде дома и почна да плаче. Го прашав што ти се случи, а добив одговор: Ме удри друго дете. Му одговорив: Ти не зарем не знаеш да се браниш?“.

И покрај тоа засега се чувствуваат убаво и безбедно во Саудиска Арабија.

„Тука се чувствувам навистина безбедно затоа што ги ценам силните семејни вредности. Почувствував голема среќа кога ја посетив саудиската пустина и остварив посебна врска со оваа магична земја“, истакна Георгина.

Животот во азиската земјата, посебно во овој период за нив е ново исуство.

„Атмосферата во Саудиска Арабија во овие денови е поинаква затоа што е Рамазан, светиот месец во кој муслиманите постат од изгрејсонце до зајдисонце. За мене тоа е посебно доживување“, објасни партнерката на Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Раул сака нов предизвик – го известил Реал дека ќе замине

Легендарниот фудбалер на Реал Мадрид Раул Гонзалес, кој е тренер на младиот тим на Краљево…