Дома Фудбал Луис Енрике: Не би одел во било кој клуб во Премиер лигата

Луис Енрике: Не би одел во било кој клуб во Премиер лигата

Искусниот Луис Енрике е еден од тренерите кои во овој момент се без ангажман и неговото име во јавноста често се поврзува со клубови и репрезентации.

Енрике во својата кариера најголемите успеси ги имаше како тренер на Барселона, а работеше и уште во Рома и Селта, но и како селектор на Шпанија.

Сега како негова следна дестинација се споменува Премиер лигата, па новинарите го запрашаа дали би можеле за брзо време да го видиме во најсилната англиска конкуренција.

„Би сакал да работам во Англија, но не се гледам таму следниот јуни. Сакам да бидам во клуб кој може да направи големи работи и таков е тешко дас е најде. Не би одел во било кој клуб од Премиер лигата“, изјави Енрике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионски спомен за Алими: македонскиот дрес на патиките од Далиан

Исник Алими ја прославува титулата во Кина со посебен подарок, на кој место добија и макед…