Англискиот клуб Болтон ја пријавил Барселона во ФИФА за можна измама при трансферот на Маркос Алонсо, пренесуваат шпанските медиуми.
Алонсо пристигна на „Камп Ноу“ минатото лето од Челзи, но според официјалната информација станува збор за слободен трансфер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тие го спорат начинот на кој левиот бек заврши на Камп Ноу, односно сметаат дека играчот бил дел од трансферот на Пјер Емерик Обамејанг во Челси, па Каталонците треба да исплатат тренинг компензација.
Иако постојано се шпекулираше дека Маркос Алонсо ќе биде дел од трансферот на Пјер Емерик Обамејанг, Шпанецот на крајот заврши во Барселона бесплатно како слободен играч откако на взаемна согласност го раскина договорот со „сините“.
Болтон се сомнева во тоа и го пријавил случајот во ФИФА, која треба да провери и да донесе конечна одлука дали станува збор за измама.