Дома Трансфер зона Обамејанг прифаќа мала плата, само да се врати во Барселона

Обамејанг прифаќа мала плата, само да се врати во Барселона

Пјер Емерик Обамејанг на лето сигурно ќе го напушти Челзи,  а негова желба е да се врати во Барселона.

Тој дојде во Челзи по барање на Тухел и не добива голема минутажа кај Потер, па сака да ја промени средината, а и „сините“ сакаат да се ослободат од него.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанските медиуми пренесуваат дека Обамејанг стапил во контакт со Чави и сака да се врати во Барселона.

Каталонците се отворени повторно да го доведат на „Камп Ноу“, но неможат да си ја дозволат неговата висока плата.

Наводно Обамејанг е спремен на значително намалување на платата само да се врати во Барселона.

Тој остана во одлични односи со целиот тим и неодамна во соблакувалната на Каталонците ја славеше победата на „Ел Класико“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …