Португалскиот весник „O Jogo“ денеска пишува дека екипата на Манчестер Јунајтед е заинтересирана за уште еден фудбалер на Бенфика.
Станува збор за фудбалерот од Србија, Андрија Живковиќ кој има само 21 година и игра на позицијата десно крило. Тој во редовите на Бенфика пристигна минатото лето од Партизан, а оваа сезона запиша три настапи за португалската екипа и има една асистенција и тоа во Лигата на Шампионите.
Манчестер Јунајтед и Бенфика за неколку недели ќе го одиграат двомечот во групната фаза од ЛШ, а токму на тој натрпевар се очекува Живковиќ да го обезбеди билетот за „Олд Трафорд“.
Потсетуваме, овој фудбалер беше и на метата на Арсенал и тоа додека играше со младата репрезентација на Србија на ЕП во Полска. Сепак, посериозен контакт со англиските гиганти се уште нема, но Живковиќ е премногу млад и пред него сигурно има многу време за напредок и нови трансфери.