Жозе Мурињо сака што поскоро да одржи состанок со сопствениците на Рома за да се реши неговата иднина, пишува „Кориере дело Спорт“.
Актуелниот договор на Мурињо со Рома е до јуни 2024 година, но Португалецот не сака да почне сезона со договор кој истекува на крајот на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мурињо сака што поскоро да го реши прашањето за својата иднина и тоа ќе зависи од амбициите на Рома. „Специјалниот“ преферира да остане во Рома, но сака и клубот да покаже поголема амбиција кога се во прашање трансферите.
Ултиматумот на Мурињо е да се донесат три засилувања. Дефанзивец, играч за врска и напаѓач на местото на Абрахам, кој најверојатно ќе си замине во летниот преоден рок.
Неговото име често се поврзува со други клубови како и со бразилската репрезентација, па на лето ќе донесе одлука.