Дома Топ вести Само два клуба можат да си го дозволат Белингам, но тоа не е Ливерпул

Само два клуба можат да си го дозволат Белингам, но тоа не е Ливерпул

Џуд Белингам на лето ќе биде „тешка“ тема, но два клуба се главни фаворити за неговиот потпис.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ѕвездата на Борусија Дортмунд е голема желба на многу европски гиганти, но тој се уште не донел конечна одлука за иднината.

Белингам исто така ја одби понудата за Бортмунд за нов договор со значително повика плата, па јасно е дека ќе ја промени средината на крајот на сезоната.

Англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул најверојатно отпаднал од трката, па главната битка за неговиот потпис ќе ја водат Реал Мадрид и Манчестер Сити.

Единствено овие два клуба имаат финансиска моќ да ги задоволат барањата на Борусија Дортмунд која за неговата слобода бара 130-140 милиони евра.

Реал веќе подолго време работи на трансферот бидејќи во Белингам гледа идеална замена за Лука Модриќ.

Од друга страна Гвардиола нема да жали пари за да го доведе на „Етихад“ и смета дека би бил идеална замена за Гундоган.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…