Збогувањето на Аријан Адеми од Динамо Загреб е главна тема во хрватската спортска јавност, а текст посветен на македонскиот репрезентативец напиша и новинарот на „Индекс“, Вице Карин.
Во еден дел од текстот тој се потсетува на негов текст пред две години и вели дека во тој текст ја напишал најголемата глупост за Адеми.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во еден дел од текстот се зборува дека играч како него заслужува некој подобар Динамо, тоа стои. Штета за Адеми во таа некоја смисла што не играше во некој друг период. Последните десетина година Динамо има најуспешни спортски резултати, но играта веќе некое време не е главна тема на „Максимир“.
„Црни листи за навивачите, диктаторско владеење на браќата Мамиќ и обвиненија за грабеж на векот по судовите, даночна управа…и уште некои други работи беа во прв план место одличните резултати и големите играчи“.
„Две години подоцна, перцепцијата за Капитенот и неговата улога во ваков Динамо е сосема поинаква. Баш во моментите на најголема морална пропаст и идентитетска криза на клубот му требаше еден капитен со големо „К“. Оној кој на теренот секогаш ги бранеше боите на Динамо, дури и кога навивачите имаа топол-ладен однос кон клубот.
„Оној кој имаше доволно храброст да одбие некои мрачни идеи на мрачни луѓе од максимирската ложа. Капитенот не дозволи и постави глава таму каде што многумина не би се ни обиделе. Знаеше дека плата добива од оној кој седи во управата, но дека игра првенство за оние 15 магични црвено-бели полиња и мала буква „д“ значат повеќе од „Трансферматк“, менаџерски провизии и сопствениот џеб“, стои во дел од текстот.
Целиот текст посветен на Адеми можете да го прочитате – ТУКА.