Дома Фудбал Официјално: Адеми потпиша за Ујпешт

Официјално: Адеми потпиша за Ујпешт

Арјан Адеми, некогашен член на македонската репрезентација, стана дел од унгарскиот прволигаш Ујпешт.

По раскинот на договорот со Динамо Загреб, Адеми ја прифати понудата на Ујпешт и ќе соработува со тренерот Дамир Кржнар, кого го познава добро од претходно.

„Арјан е вистински капитен, на кого не му е странско да даде сè од себе за победа. Тој е човек што остава впечаток со својата скромност и јасно ги разбира моите очекувања за играта. Ќе биде значајна поддршка во амбицијата оваа сезона да се истакнеме со спектакуларен Ујпешт“, изјави тренерот Кржнар зборувајќи за Адеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Владата на Хрватска остро удри по Торцида: „Срамно однесување, нема место за славење на нацистички режим“

Победата на Хајдук над Ајакс во Сплит остана во втор план по серијата инциденти поврзани с…