Неодамна по победата против Лајпциг од 7:0, Пеп Гвардиола изненадувачки зборуваше и на малку други теми.
Една од тие теми беше познатата холивудска актерка, Џулија Робертс. Имено, Гвардиола откри дека многу се разочарал кога актерката во посетата на Манчестер била во клупските простории на Јунајтед, а не се појавила на „Етихад“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Ќе ви откријам една тајна. Без разлика што ќе се случи оваа година, дури и ако ја освоиме Лигата на шампионите или да освоиме три ЛШ во низа, јас ќе бидам губитник. Имам тројца идоли во мојот живот, Мајкл Џордан, Тајгер Вудс и Џулија Роберс“.
„Пред неколку години Џулија Робертс дојде во Манчестер. Не во 90-тите кога Фергусон освојуваше титули со Јунајтед. Дојде во период кога ние бевме подобри, а таа отиде да го посети Манчестер Јунајтед, не дојде кај нас! Затоа дури и ако ја освоиме Лигатан а шампионите, тоа не е споредливо со фактот што Џулија Робертс дојде во Манчестер и не дојде да не види нас“, гласеше изјавата на Пеп.
Сега, дополнително „сол на раната“ на Пеп стави Антонио Конте кој откри дека додека бил тренер на Челзи го посетила клубот од Лондон.
„Џулија Робертс дојде во Челзи додека бев таму тренер. Имав можност да и ги покажам соблекувалните. Навистина е добро што важна личност како Џулија Робертс го сака фудбалот“, изјави Конте на прес-конференцијата пред натпреварот на Тотенхем.
🗣️ “Julia Roberts came when I was at Chelsea, I had the possibility to bring her to the dressing room. It’s good that an important person like Julia Roberts likes football!”
— Football Daily (@footballdaily) March 18, 2023
Antonio Conte says Julia Roberts hasn’t only visited Manchester United! 🤣 pic.twitter.com/6jyUDDxbcD