Дома Фудбал Пресврт во истрагата? Се појавија документи кои би ја ослободиле Барселона од обвинувањата!

Пресврт во истрагата? Се појавија документи кои би ја ослободиле Барселона од обвинувањата!

Барселона во изминатиот период е во центарот на вниманието откако каталонскиот гигант беше обвинет дека платил огромна сума на поранешниот потпретседателот на судиската комисија Енрикез Негреира. Обвинувањата се дека Каталонците тие пари ги исплатиле цо цел да имаат „ветер во грб“ од арбитрите.

Сепак, сега се појавуваат документи кои доколку постојат и се вистинити највуваат пресврт во случајот. Лапорта изјави дека е разочаран од однесувањето на другите клубови кои како едвај да чекаа ги обвинат Каталонците, но тој е сигурен дека ќе го докажат спротивното.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Весникот „Либертад Дигитал“ објави дека поседува документи кои Барселона ја ослбоодуваат од било какво обвинение.

Имено во документите може да се види дека Барселона не правела ништо незаконски туку исплаќала пари на компанијата за таа да ги анализира судиите и да доставува извештаи до клубот од „Камп Ноу“.

„Либертад“ истакнува дека документите биле пронајдени во домот каде што живеел синот на Негреира. Ако се докаже дека документите се валидни големи се шансите Барселона да тргне во „контранапад“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Готово: Покетино повеќе не е тренер на Челзи

Маурисио Покетино повеќе не е менаџер на Челзи, пренесе доброинформираниот новинар Фабрици…