Македонскиот селектор Благоја Милевски денес го објави списокот на повикани фудбалери за натпреварот со Малта во квалификациите за Европското првенство 2024 на 23-ти март и четири дена подоцна пријателскиот со Фарски Острови.
Аријан Адеми кој го комплетира својот трансфер во Кина во овој период сепак е на списокот на селекторот, тука е и Илија Несторовски во нападот. Дебитантски повик во средниот ред доби Давор Здравковски.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Во одбраната новост е враќањето на Владица Брдаровски. Останатите имиња на списокот стандардните репрезентативци.
