Продолжуваат шпекулациите за иднината на Алексис Санчез во англиските медиуми, откако „топџиите“ одбија да се разделат со својата ѕвезда ова лето, а следното Чилеанецот ќе биде слободен играч.
Манчестер Сити испрати неколку богати понуди, но Арсенал експресно ги одби, а сега Алексис Санчез се поврзува со трансфер во Реал Мадрид.
Имено, Флорентино Перез и Зидан се силно заинтересирани да го донесат Санчез на „Сантиаго Бернабеу“ бидејќи во него гледаат иделна замена за Алваро Мората, како и на Герет Бејл кој последната година пропушти голем број натпревари поради повреда.
Меѓутоа, англиските медиуми пренесуваат дека Алексис Санчез категорично ја отфрлил таквата можност бидејќи сака да се пресели во Манчестер Сити и повторно да соработува со Гвардиола.
„Граѓаните“ ќе се обидат уште во јануари да го донесат Санчез на „Етихад“, но доколку Арсенал не се согласи, Чилеанецот ќе го облече „синиот“ дрес следното лето без обештетување.