Eурофарм Пелистер утре го очекува натпреварот против Нексе кој е последен во групата А.
Нексе гостува во Битола во терминот од 18:00 часот, а тренерот Александар Јовиќ очекува лавовска борба и договореното да биде спроведено на терен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Нè чека тежок натпревар со една одлична екипа, која преферира динамична игра. Од овој натпревар на секој натпревар ќе играме на победа. Она што го видовме во овој краток период ни дава до знаење дека имаме добри индивидуалци, кои треба да ги вклопиме во добар тим. За тоа треба и малку време. Од играчите барама лавовска бобреност и да го спроведат тоа што го тренираме овие пет дена.
Битола е најракометен град и мислам дека во вторник ќе се покажеме во поинакво светло, со многу борбеност со подобар ангажман и од страна на играчите, и од страна на клупата“; изјави Јовиќ.
Свесен дека ќе играат против квалитетна екипа е и ракометарот Гоце Ојлески.
„Знаеме дека Нексе е квалитетен противник и квалитетна екипа. Секоја година цели високо и не треба да трошиме зборови за нив. Не сме комплетни, но со нов стручен птаб и со нова енергија ќе се обидеме да дадеме максимум и ќе се обидеме да издвојуваме позитивен резултат“, истакна Ојлески.