Според медиумите на островот, Тотенхем е во преговори со агентите на Конте за неговата иднина.
Конечната одлука за иднината на италијанскиот стратег се уште не е донесена. Сепак, сите во клубот се подготвуваат за заминување на тренерот. Некои споменуваат разделба на крајот на сезоната, други и порано.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во секој случај, актуелниот договор на Конте истекува во летото 2023 година и речиси нема шанси да биде продолжен.
Тотенхем неодамна беше елиминиран од Лигата на шампионите од екипата на Милан, а во Премиер лигата моментално е на четвртото место и се бори за пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
Медиумите на островот веќе шпекулираат за наследниците. Наводно, во Тотенхем ја разгледуваат можноста тимот да го преземе неодамнешниот селектор на Шпанија, Луис Енрике кој важи за најголем фаворит за оваа позиција во овој момент.
Покрај него, меѓу кандидатите се и Оливер Гласнер (Ајнтрахт Франкфурт), Рубен Аморим (Спортинг Лисабон) и Лучијано Спалети (Наполи). Сепак, навивачите на Тотенхем веројатно би сакале Маурисио Покетино да се врати во клубот.
🚨🚨 Luis Enrique would love to replace Antonio Conte as the Tottenham manager, according to @thetimes.
— hotspurreport (@hotspurreports) March 10, 2023
The report has claimed that Luis Enrique would be keen on managing Tottenham if he is approached! 🇪🇸 pic.twitter.com/pf5A14rNiG