Дома Топ вести Овој „крал“ има најмала плата: Ѕвездата на Реал едвај „врзува крај со крај“

Овој „крал“ има најмала плата: Ѕвездата на Реал едвај „врзува крај со крај“

Во време на потполно „извитоперени“ цени на фудбалери кои во последните месеци се мерат со стотици милиони евра, инетерсно е да се прочита и другата страна на приказната.

Другата страна ни доаѓа од соблекувалната на Реал Мадрид, каде Борха Мајорал беше прекомандуван во првиот тим со цел да биде наследник на Карим Бензема. Меѓутоа, ако се гледа сумата која Реал ја исплаќа на неговата сметка, „кралевите“ не го ценат многу овој талент.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Имено, Мајорал е најслабо платен првотимец во најтрофејниот европски клуб. Неговата неделна плата изнесува 12. 000 евра, што е навистина скромна сума во фудбалскиот свет.

Чисто за споредба, неделната плата на Кристиано Роналдо изнесува 400.000 евра плус бројни бонуси. На Мајорал му преостанува уште многу да се труди за да го покаже својот потенцијал. На социјалните мрежи можат да се прочитаат секакви шаливи коментари на негова сметка, иако јасно е дека платата на Мајорал е поголема од онаа на „обичните смртници“.

Мајорал е роден 1997 година и посебно се истакна во младинските категории на Реал Мадрид, па беше префрлен во првиот тим каде до сега има запишанио седум настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…