Дома Фудбал Италија Претседателот на Рома: Ги имам најдобрите играчи во светот, медиумите се против нас!

Претседателот на Рома: Ги имам најдобрите играчи во светот, медиумите се против нас!

pallotta

Претседателот на Рома, Џејмс Палота е разочаран од односот на медиумите кон неговиот клуб.

Рома неодамна одигра 0:0 против Атлетико во Лигата на шампионите, а две недели претходно запишаа пораз од Интер на „Олимпико“ од 3:1, но генерално многу критики беа упатени на сметка на тренерот на Еусебио Ди Франческо и на поединци од тимот.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Кај медиумите секогаш постои голема желба да објават нешто по секоја цена. После натпреварот се симнав во соблекувалната и им честитав на играчите за борбата на теренот како и на тренерот. На ниту еден од нив не сум кажал негативен збор“.

„Ги имаме најдобрите играчи во светот, а одредени медиуми се против Рома и нејзиниот тренер. Мојот впечаток е дека се во состојба секој ден да објавуваат негативни вести за нашиот клуб“.

„Победивме во Бергамо против Аталанта, сите знаат дека таму е тешко да се игра, потоа бевме подобри од Интер 60-65 минути, заслуживме пенал, водевме 1:0… На крајот бевме поразени, но тимот одигра добар натпревар. Атлетико на сите им е познат, претходните три сезони играа две финалиња во Лигата на шампионите и бодот е добар резултат. Оптимист сум, играме добро и нема за што да се грижиме“, изјави Палота.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…