Дома Трансфер зона Џеко може да си оди, Интер веќе му најде замена

Џеко може да си оди, Интер веќе му најде замена

Раководството на Интер веќе подолго време преговара со Един Џеко за продолжување на соработката.

Договорот на ветеранот истекува на крајот на сезоната, но двете страни не можат да најдат заеднички јазик за продолжување на соработката.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Поради тоа Интер веќе почна да бара негова замена, а „Газета дело Спорт“ открива дека прво име на списокот е Џанлука Скамака.

 Скамака минатото лето се пресели во Вест Хем, но не се снајде баш најдобро во Премиер лигата. Тој се вклопи во сивилото на Вест Хем, кој игра слаба сезона и се бори за опстанок.

Ситуацијата будно ја следи Интер, кој ќе се обиде на лето да го врати Италијанецот во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Чистка“ во Арсенал: Артета продава трио од 140 милиони евра?

Тимот на Арсенал има одлична сезона во која до самиот крај се бореше за титулата во Премие…