Италијанските медиуми најавуваат пресврт во истрагата и наводно големи се шансите во Серија А да му ги врати одземените бодови на Јувентуса.
Како што тие тврделе, процецот против Јувентус бил отворен на 21-ви април ,а обвинителите имаат 60 дена да спроведат истрага. Тоа би значело дека сите документи кои се добиени по 14-ти јули не треба да важат.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Исто така се тврди и дека е откриена тајна комуникација помеѓу лица од федерацијата со обвинителството што не е дозволено. Во случај да се вратат бодовите на Јувентус „старата дама“ од седмото место би „скокнала“ на второто со ист број на бодови со Интер (50).
За ваквата можност сега се огласи и Пјерлуиџи Матера кој е поранешен заменик генерален обвинител, но и човек кој го напиша кодексот за спортска правда.
„Верувам дека казната на Јувентус од -15 бодови ќе биде укината. Според најновите случувања пресудата за капиталните добивки треба да биде поништена, без понатамошно одлагањње“, изјави Матера за „Тутоспорт“.