Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди, одлично се вклопи во тимот на Леванте каде што пристигна ова лето.
Барди веќе е миленик на навивачите на овој клуб. Покрај тоа, да потсетиме, реномираниот шпански медиум „АС“, го спореди македонскиот фудбалер со големиот Дејвид Бекам, поради неговото фантастично изведување на слободните удари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Леванте го доведе Барди за сума од 1.5 милиони евра, но Македонецот истакнува дека Леванте не бил единствениот шпански клуб каде што можел да заврши.
Во интеревјуто за шпанските медиуми, Барди откри дека интерес за неговите услуги покажувале Гирона и Гетафе, но на крајот тој се одлучил да ја избере понудата од Леванте клуб со кој потпиша договор на три години.
„Леванте не е единствениот клуб кој ме посакуваше, Гирона и Гетафе исто така сакаа да ме доведат, но јас го избрав Леванте“, открива Барди во еден момент од интервјуто.
Во продолжение погледнете го целото интервју на македонскиот интернационалец.