Дома Фудбал Англија „Ако не станев фудбалер, ќе бев градинар, не гледам многу фудбал“

„Ако не станев фудбалер, ќе бев градинар, не гледам многу фудбал“

Арсенал изненади многумина кога се одлучи за дефанзивецот, Бен Вајт да плати сума од 50 милиони фунти.

Вајт во редовите на „топџиите“ пристигна летото 2021, а сега откри дека ако не играл фудбал, веројатно ќе станел градинар.

„Ако не бев фудбалер, ќе работев како градинар заедно со татко ми. Како дете не гледав премногу фудбал, а не гледам ниту сега. Немаше да имам проблем да ја работам работата на татко ми“, изјави Вајт па објасни:

„Понекогаш гледам снимки од мене со цел да видам каде грешам и да се подобрам, но не гледам фудбал за забава“, истакна дефанзивецот на лидерот во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јувентус почна со победа во Серија А, но остана без најдобриот фудбалер

Фудбалерот на Јувентус, Кенан Јилдиз, може да биде надвор од терените околу два месеца пор…