Дома Топ вести Спалети добива ОГРОМНО засилување – Играчот на Арсенал пристигнува во Интер?

Спалети добива ОГРОМНО засилување – Играчот на Арсенал пристигнува во Интер?

spaletti

Екипата на Интер на самиот почеток од оваа сезоната игра многу добро, а новиот тренер, Лучијано Спалети работи голема работа откако пристигна од Рома.

Интер на самиот почеток од оваа сезона забележа три победи од исто толку натпревари во Серија А и во моментов заедно со Јувентус и Наполи е единствената екипа која го има тој ефект.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Но, она што навивачите на Интер ги прави уште посреќни е тоа дека нивната екипа се поврзува со одличниот германски репрезентативец, Месут Озил. Тој наводно следното лето има намера да го напушти Арсенал, а „The Sun“ пишува дека следната дестинација би можело да биде токму Интер.

Олеснителна околност за италијанската екипа е фактот дека на Озил на крајот на сезоната му истекува договорот и дека не мора ништо да платат за него. Секако, со помошта на новите кинески сопственици, сигурно дека Интер би можел да одвои многу повеќе пари за плата на овој фудбалер.

Потсетуваме дека за Озил, освен Интер, заинтересирани се екипите на Манчестер Јунајтед и Фенербахче.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Англија ја победи Србија, но не прикажа шампионска игра 🎥

Репрезентацијата на Англија ја победи Србија во последниот натпревар од денешната програма…