Дома Топ вести Реал Мадрид договори нов бразилски талент! (видео)

Реал Мадрид договори нов бразилски талент! (видео)

Раководството на Реал Мадрид продолжува со политиката на привлекување на млади и талентирани фудбалери.

Шпанска „Марка“ пренесува дека „кралскиот“ клуб го договорил трансферот на 17-годишниот играч за врска на Гремио – Родириго Антонио Родригеш.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Според весниот зделката ќе биде финализирана во следните денови, а Бразилецот ќе пристигне на „Сантиаго Бернабеу“ следното лето, откако ќе наполни 18 години.

Идејата на „кралевите“ е Родриго најпрво да игра за младинскиот тим на Реал за да се адаптира на стилот на игра во Шпанија, а потоа да биде префрлен во првиот тим кај Зинедин Зидан.

Ова е само продолжување на политиката на „кралевите“ да купуваат млади фудбалери, па потсетуваме дека пред неколку месеци Реал го купи најголемиот бразилски талент – Винисиус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…