Европската куќа на фудбалот може да го исфрли Јувентус од сите европски натпреварувања поради финансиски малверзации, пренесува „Газета дело Спорт“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во ноември минатата година поради истите причини оставки си поднесе целото раководство и претседателот Андреа Ањели, а подоцна беа казнети со 15 бода во Серија А.
„Газета дело Спорт“ потсетува дека поранешните челници на Јувентус ги користеле трансферите на фудбалерите за да го лажираат финансискиот биланс, и воделе двојно сметководство, па поради тоа може да бидат казнети и од УЕФА.
„Казната би стапила на сила во првата сезона во која Јувентус ќе избори пласман во европските натпреварувања. Тоа значи дека ако на крајот на оваа сезона „старата дама“ не избори пласман во Европа казната може автоматски да биде префрлена за следната сезона“, соопштува весникот.